Zeynep Rakipoğlu, Mustafa Hatipoğlu, Filiz Kınık Öz
29 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод новата рунда преговори помеѓу Русија и Украина, која започна денес во Истанбул, рече дека верува дека во праведниот мир нема губитници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се обрати на отворањето на состанокот на руско-украинските преговарачки одбори одржани во претседателскиот кабинет во Долмабахче, а во таа прилика изрази задоволство што е домаќин на делегациите и дава придонес кон нивните напори за воспоставување мир во така критичен период.
„Турција покажа чесен пристап штитејќи ги првата, законите, чувствителноста и на руската и украинската страна на сите меѓународни платформи“, рече Ердоган и додаде дека Турција е подготвена да биде домаќин на мировните преговори помеѓу рускиот и украинскиот претседател.
„Турција верува дека во праведниот мир нема губитници, дека долготрајниот судир не е во ничиј интерес“, порача турскиот претседател испраќајќи порака на руските и украинските преговарачи.
Ердоган уште еднаш ги повика на прекин на огнот и наведе дека е во рацете на двете страни да ја запрат оваа трагедија.
„Ќе биде во корист на сите да се постигне прекин на огнот и да се постигне мир што е можно порано. Мислиме дека сега влеговме во период во кој би требале да добиеме конкретни резултати од преговорите. Од сегашната фаза, ја преземавте историската одговорност како членови на делегациите. Цел свет од вас чека добри вести. Со водство на своите челници, поставувате темели на мирот. Подготвени сме на секаков придонес кој ќе ви ја олесни работата“, порача Ердоган.