Ali Kemal Akan
10 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при претседателството на Турција се наведува дека Ердоган е информиран за здравствената состојба на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд, кој се наоѓа во болница заради здравствена контрола.
Ердоган во таа прилика на саудискиот крал Селман му упати желби за што побрзо оздравување.
Ердоган и саудискиот принц разговараа и за односите меѓу Турција и Саудиска Арабија, како и за регионални прашања.