Ali Murat Alhas
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Активностите на Турција во Егејот и во Источниот Медитеран се засноваат на нејзината потрага по своите права и правда, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на свеченоста по повод започнувањето на судската година 2020-2021 во Претседателскиот комплекс, Ердоган рече дека некои земји се обидоа да ја ограничат Турција на нејзините брегови, нарекувајќи го тоа блатантна неправда.
Ердоган рече дека обидите за наметнување на ситуацијата „свршен чин“ во Медитеранот е пример за модерен колонијализам, и нагласи дека сите соседни земји во регионот имаат права на ресурсите.
Порача дека обединетите непријателски фронтови нема да го запрат подемот на Турција.
„Колку и да се обединуваат, непријателските фронтови нема да успеат да го спречат подемот на Турција“, истакна Ердоган.
Турскиот претседател исто така рече дека „веќе станува смешно што како дел од игрите во сенка една земја која ни самата себеси не може да си донесе корист, како мамка се фрла пред регионалната и глобална сила како што е Турција“.