Hülya Çorakçı Ertan
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на отворањето на џамијата Хасан Гумушдаг во Истанбул изјави дека зад терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк” најверојатно стои терористичката организација ДАЕШ, како и дека оние кои сакаат да ја поделат Турција, нема да успеат во тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Гледате тоа што се случи на аеродромот. Најверојатно е дело на ДАЕШ. Велат дека тако нешто прават во името на исламот. Тоа нема врска со исламот. Нивното место е во пеколот. Бидејќи кој убие едно лице, како да убил цел свет. Овие луѓе се невини, деца, жени, постари луѓе.... Тие само патуваат немаат врска со ништо, а се соочуваат со смртта. Немате право на тоа”, порача Ердоган.
Тој додаде дека борбата против тероризмот ќе биде одлучно продолжена.
„ И ова ќе го завршиме порано или подоцна. Мирните денови се блиску”, додаде претседателот на Турција,Ердоган.
Тој исто така истакна дека оние кои сакаат да ја поделат Турција нема да успеат во тоа и изрази надеж дека единството се шири и ќе се прошири низ целата земја.