24 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Светски познатата плажа Капуташ во Каш, на турскиот Медитеран, еден од омилените окрузи на Анталија, секојдневно пречекува стотици домашни и странски туристи со својата единствена тиркизна боја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со својата уникатна тиркизна боја, морето го привлекува вниманието на туристите од целиот свет и важи за една од најголемите атракции на турскиот медитерански брег.
Сместена на серпентинските карпи под магистралата недалеку од историскиот медитерански град Каш, плажата Капуташ е една од најфотографираните локации во областа Анталија.
До плажата се стигнува со скали издлабени во клисурите, а влезот е бесплатен. Заливот со бел варовник од далеку изгледа како песочна плажа со тиркизна боја на морето.
Според британскиот весник „Гардијан“, плажата Капуташ во Анталија е рангирана меѓу 40-те најдобри во Европа.