Ahmet Gençtürk
29 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 4,1 степен се случи утринава во Егејското Море, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
АФАД соопшти дека земјотресот се случил во југозападниот дел на островот Крит во 02:26 часот по локално време, на длабочина од 9,45 километри.
Епицентарот на земјотресот бил 79 километри од подрачјето на Мармарис во турската јужна област Мугла.