Halil Demir
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Најмалку 29 лица се уапсени во операција во рамките на истрагата против елементите на терористичката организација ФЕТО во Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во рамки на истрагата што ја спроведува Републичкото обвинителство во Истанбул, спроведена е акција против 35 осомничени кои се криеле во куќите и становите на терористичката организација ФЕТО.
За време на операциите уапсени се 29 лица за кои е утврдено дека се поврзани со ФЕТО.
Исто така, при претресот на вкупно 32 адреси запленети се голем број документи и дигитален материјал на терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО стои зад крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.