Ali Kemal Akan
24 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш ја оцени забраната за дистрибуција на турскиот дневен весник „Дејли сабах“ во Европскиот парламент како неразумен потег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Такво нешто е неприфатливо. Како сега европските официјални претставници ќе го објаснат овој пример на примена на двојни стандарди? Ваквите еднострани одлуки се ветер во грб за неофашистите и неонацистите“, порача Куртлмуш и додаде:
„Дејли сабах“ е весник кој во светот ги објавува случувањата од Турција на англиски јазик. Каде е сега слободата на мислење, слободата на изразување? Што воошто значи да се забрани дистрибуција на весникот во Европскиот парламент?“
Во Европскиот парламент е забранета дистрибуцијата на турскиот дневен весник „Дејли сабах“, весник во кој вестите се објавуваат на англиски јазик.
Барањето за забрана на дистрибуирањето на „Дејли сабах“ стигна од холандскиот член на ЕП, Џероен Ленаерс. Претседателот на ЕП, Антонио Тајани, по разгледувањето на барањето донесе одлука да се забрани дистрибуцијата на овој весник во парламентот.
Информацијата ја потврди и Маржори ван ден Броке, директор на канцеларијата за медиуми на ЕП. Таа изјави дека не ѝ е позната вистинската причина за оваа забрана, но наведе дека барањето стигнало од членовите на парламентот кои изразиле незадоволство поради уредничката политика на весникот.
„Дејли сабах“ е весник кој започна со работа во 2014 година, во медиумската група „Туркуваз“, а во Европскиот парламент се дистрибуира секој вторник.
Холандскиот парламентарец Ленаерс минатата недела упати писмо до претседателот Тајани, во кое побара да се забрани дистрибуцијата на овој весник. Тоа се случи откако „Дејли сабах“ објави напис под наслов „Европската Унија се однесува како да нема кршење на демократските права“, во врска со дипломатската криза со Турција.
Ленаерс исто така изрази незадоволство поради текстовите објавени во споменатиот весник, за дејствувањето на терористичката организација ФЕТО во Холандија, и порача дека весникот шири омраза.