Ali Kemal Akan
10 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Заменик премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш денес во Анкара изјави дека референдумот за уставните промени во таа земја ќе биде одржан најверојатно на 16 април 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бидејќи претседателот го одобри Законот за уставни промени на Република Турција, сега е се на изборната кампања. Изборната комисија во наредните денови ќе ја објави својата одлука за одржување на референдумот во предвиден рок од 60 дена што укажува на 16.април што беше и претходна претпоставка”, изјави Куртулмуш.
Тој нагласи дека по изјаснувањето на граѓаните на 16 април, суверенитетот во полна смисла ќе припадне токму на народот.
„Народот во овој процес ќе ја даде својата одлука. Се надевам дека оваа кампања ќе се одвива на начин што ќе ја покажеме зрелоста на турската демократија. И оние кои велат да и оние кои велат не, секако ќе го кажат своето мислење”, изјави Куртулмуш.
- Истрага за случувањата во Сирија
Тој се осврна и на вчерашната несреќа во сирискиот регион Ал Баб, кога руските авиони по грешка погодија стамбен објект во кој се наоѓале турските војници, кога загинаа тројца припадници на турските сили.
„Работиме на тоа овој случај во потполност да се расветли. Првите информации покажуваат дека дошло до грешки во координацијата, за жал. Се работи за случај до кој дошло без намера. Значи, дошло до несреќа. Јасно е дека во таа борба ни е потребна што подобра координација”, порача Куртулмуш.