Aida Cako
12 Август 2025•Ажурирај: 12 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Куче по име Атеш, чиешто име на турски значи „оган“, е спасено и доби ветеринарен третман, откако останало заробено под урнатините на зграда во турската област Баликесир по земјотресот со магнитуда од 6,1 степен, јавува Анадолу.
Животното претрпело тешки повреди, меѓу кои и скршеници на двете предни нозе, откако врз него паднале делови од оштетената градба.
Благодарение на брзата реакција на спасувачките екипи, Атеш е извлечен и веднаш пренесен во ветеринарна клиника, каде што му е укажана неопходната медицинска помош.
Силниот земјотрес предизвика значителна материјална штета во регионот, а спасувачите и волонтерите неуморно работат на пребарување на погодените објекти.