Burcu Çalık
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
РОТЕРДАМ (AA) - Министерката за труд и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја откако холандските власти не и дозволија пристап до конзулатот во Ротердам, вечерва порача дека стотици полицајци застнале помеѓу неа и собраните граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Стотици полицајци формираа барикада помеѓу нас и нашите граѓани. Ниту една сила не може да ја прекине нашата врска со народот", порача министерката Каја.
Каја потсети дека се наоѓа на околу 30 метри од зградата на турскиот конзулат во Ротердам, но дека полицијата и оневозможила пристап.
„Спречувањето кое Европа го спроведува во оваа мерка, вакво отстапување од демократските патеки, овој расистички пристап е показател на нивните стравувања од тоа да резултатот на претстојниот референдум биде позитивен. Не спречуваат нас да се составуваме со својот народ бидејќи не сакаат понатамошен раст и јакнење на Турција. Холандските власти им ги даваат сите слободи на терористичките организации кои работат против Турција. Меѓутоа кога ќе дојде турски министер тогаш онемовозможуваат пристап до конзулатот. Холандската влада ќе одговара за сето ова", порача Каја.
Холандските власти денеска го спречија министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерката за труд и социјална политика на таа земја Фатма Бетул Сајан Каја во нивната посета на дипломатските претставништва на Турција во Холандија и да се состанат со турската заедница во оваа земја.