İzzet Taskiran
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Момчето Февзи ал Џунејди (16), чијашто фотографија на која се гледа како изралеските војници го приведуваат со превез на очите го обиколи светот, допатува во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Февзи со неговиот татко Мухамед допатува во Истанбул од Аман, за да присуствува на тридневната програма на истанбулската општина Есенлер.
Момчето кое на аеродромот зборуваше за она што го преживеало, додаде дека прв пат е во Турција.
Тој истакна дека за време на престојот во притвор, не бил свесен за она што Турција го правела за него.
„Додека бев во затвор, не видов ништо. Ми беа забранети сите електронски уреди, телефони и телевизија. Ништо не видов. Имаше еден телевизор со одредени канали, на кој не можевме да следиме ништо. Израел тоа свесно го правел. Фотографијата на којашто сум, ја видов дури по излегувањето од затвор“, изјави Џунејди.
Тој изјави дека кога бил ослободен, видел дека Турција е со него, за што бил многу среќен.
Февзи вели дека е среќен поради средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Февзи истакна дека тој и неговото семејство го сакаат турскиот претседател.
Момчето, кое зборуваше и за својата здравствена состојба, изјави дека сè уште има проблеми со десната рака и потсети дека израелските војници го тепале.
„Се надевам дека наскоро ќе оздравам. Раката и рамото сè уште ме болат. Ќе имам многу операции“, вели Февзи, чие лекување е во тек.
Голем број израелски војници, на 7 декември минатата година, го приведоа Февзи ал Џунејди во градот Хеброн. Фотографијата на која се гледа како вооружените војници го носат 16-годишното момче со превез на очите, го обиколи светот, а младиот Палестинец стана симбол на отпорот.
Израелскиот суд на 28 декември 2017 година одлучи да го ослободи условно Февзи Џунејди, по 21 ден поминат во притвор. Неговото појавување пред суд што беше планирано за 14 јануари 2018 година, е одложено за 19 февруари.