Mehmet Akif Parlak
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ГАЗИАНТЕП (АА) – Во рамките на истрагата за тајното структурирање на ФЕТО/ ПДЈ, спроведена во 16 градови во Турција, донесен е налог за приведување на вкупно 33 осомничени лица, меѓу кои и 24 припадници на полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од полицијата на Газиантеп се наведува дека продолжуваат активностите за утврдување, дешифрирање и апсење на припадниците на вооружената терористичка организација ФЕТО/ПДЈ.
Во овој контекст, соопштено е дека е донесен налог за приведување на вкупно 33 осомничени, меѓу кои и 24 полицајци во активна служба, а останатите се претходно отпуштени од работа.
По налогот, според соопштението, од страна на тимовите за борба против шверц и организиран криминал започнати се операции во 16 градови за приведување на осомничените лица.