Canberk Yüksel
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на досегашната истрага за терористичкиот напад на 17-ти февруари во Анкара, досега е приведено 21 лице, од кои за 14, доцна синоќа е одредена мерка притвор, додека обвинителството, по давањето исказ, на слобода пушти седуммина од приведените, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведените претходно ги поминаа потребните правосудни процедури и давање изјава на државниот обвинител кое траеше над 13 часа.
Приведените се товарат за поврзаност со организаторите и извршителите на терористичкиот напад во кој во центарот на Анкара се убиени 28 лица а рането 81 лице. Полицијата ги приведе во различни подрачја на Турција.
Турски официјални лица претходно изјавија дека зад нападите стои терористичката организација ПКК, нејзиното сириско крило ПЈД и милитантната група на тоа крило ЈПГ. Сите три групи се наоѓаат на листата на терористички организации во Турција.