Beyza Binnur Dönmez
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Летовите меѓу Турција и Ерменија денеска повторно се обновуваат со првиот лет од Истанбул до Ереван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Летот ќе го означи првиот чекор од нормализирање на односите помеѓу двете земји.
„Авиокомпанијата „Pegasus Airlines“ ќе лета на релацијата Истанбул - Ереван трипати неделно“, соопшти турското Министерство за транспорт и инфраструктура.
Од ерменска страна, „Fly One Armenia“ ќе спроведува три лета неделно меѓу Ереван и Истанбул.
„Pegasus Airlines“ ќе има летови од Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до Ереван во понеделник, четврток и сабота, а од Ереван до Истанбул во вторник, петок и недела.
Во меѓувреме, „FlyOne“ ќе има летови од Ереван до Аеродромот „Истанбул“ во понеделник, среда и петок.