Sertaç Bulur
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција уапси во Анкара 10 странски државјани за кои е утврдено дека ќе дејствуваат во структурите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, станува збор за лица кои по илегални патишта влегле на територијата на Турција и за кои постојат основани сомневања дека дејствувале во редовите на ДЕАШ.
Се дознава исто така дека уапсените лица се третираат како странски воини, а по извршената криминалистичка обработка се проследени во Управата за враќање на странци, од каде што би требало да бидат депортирани во матичните земји.
Не е познато за чии државјани станува збор.