Merve Aydoğan
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот потсекретар на Министерството за надворешни работи на Турција, Умит Јалчин, ќе опатува во официјална посета на Вашингтон овој петок, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на неговата посета, потсекретарот на МНР на Турција ќе се состане со заменик државниот секретар на САД, Џон Џ. Суливан а ќе дискутираат за односите меѓу Турција и САД, како и за меѓународни и регионални прашања, се вели во соопштението издадено од страна на Минстерството.
Резултатите од состаноците на работната група одржани на 8-9 март во Вашингтон, исто така, ќе бидат оценети за време на нивниот состанок.
Турција и САД се обидуваат да решат голем број прашања, главно, во врска со терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија со која САД соработуваше, нарекувајќи ја 'сигурен сојузник' во борбата против ДЕАШ.
За таа цел, Турција и САД формираа работни групи за да разговараат за голем број прашања, вклучувајќи го и стабилизирањето на Мунбич и спречување на несакани судири.
Смената на Рекс Тилерсон од функцијата американски државен секретар ја одложи посетата на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, која претходно беше планирана за 19 март. Можно е за време на посетата на Јалчин во САД, да бидат разговарани некои од прашањата што требаше да се разговараат на овој состанок.