Melike Kınacı
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Мелике Кинаџи - Затворот Улуџанлар е првиот затвор што е изграден откако Мустафа Кемал Ататурк во 1932 година ја прогласи Турција за република, пишува Anadolu Agency (AA).
Првиот затвор, кој во 2011 година е претворен во музеј, го посетуваат дури милион туристи. Изграден е во првите години на Република Турција и сведочи за важен период на турската политичка сцена.
Отворен е во 1925 година, а во текот на 81 година, колку што функционираше овој затвор, во него беа затворани политичари, новинари и писатели.
Тој е сведок на мачењата и погубувањата што се извршени во текот на осум децении. Во затворот престојувал и Мустафа Булент Еџевит, поранешен турски премиер, политичарот Мухсин Јазиџиоглу, турски социјалистички револуционер и Денис Гезмиш, политички активист кој е погубен...
Затворските ѕидови се сведоци на различни мислења и идеи.
Затворот престана да функционира во 2006, а реставриран е во 2009 година. Во ново издание, своите врати во 2011 година ги отвори за сите посетители.
Мерве Бајиксел, вработена во музејот, за АА појасни дека поранешниот затвор, односно музејот од отворањето до денес го посетиле милион туристи. Затворот поседува архива за повеќе од осум децении наназад.
Според нејзините зборови, било разговарано и со семејствата на оние што во тоа време биле затворени во овој затвор и биле собирани работи што затворениците ги користеле во тоа време.
Бајиксел истакна оти не се надевале дека ќе има толку голем интерес за музејските простории.
„Во последно време, за викенд имаме и до 2.500 посети, тоа е многу за нас“, изјави таа. Имаме и организирани посети на учениците.
Посетители се и членови на семејствата на поранешните затвореници. Секоја година се организира и оддавање почест за оние што не ги преживеале тортурите.
Еден од посетителите е и 62-годишниот Нуретин Уксул, кој изјави дека го погодило она што го видел во просториите на поранешниот затвор.
Професорот Хусеин Јашар за затворот го знаел само она што другите му го пренеле, но сакал сето тоа да го види и со своите очи.
Како што изјави тој, најмногу го потресле просториите на самицата.