Aida Cako
17 Септември 2025•Ажурирај: 18 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Синоп, најсеверната точка на Турција, станува сè попопуларна туристичка дестинација благодарение на уникатната географија и природните пејзажи, јавува Анадолу.
Градот се наоѓа на полуостров што се протега кон морето во регионот на западното Црно Море и се одликува со стрмно крајбрежје исполнето со многубројни 'ртови и скриени заливи.
Плажата Саркум, позната по песочниот брег и кристално чистите води, е едно од најатрактивните места за посетителите што бараат одмор во недопрена природа.
Како пристаништен град, Синоп комбинира историски шарм со природни богатства, нудејќи им на туристите можност да уживаат во мирна атмосфера и импресивни погледи кон Црното Море.
Со локацијата и природните убавини Синоп се издвојува како значајна точка за туризмот во Турција.