Aida Cako
27 Јануари 2026•Ажурирај: 28 Јануари 2026
НЕВШЕХИР (АА) – Снежно покриените долини на регионот Кападокија во централна Турција понудија спектакуларни глетки, додека десетици воздушни балони лебдеа над белите пејзажи, создавајќи сцени како од бајка, јавува Анадолу.
Кападокија, позната како една од најпопуларните туристички дестинации во Турција во текот на сите четири годишни времиња, и во зимскиот период привлекува голем број домашни и странски туристи.
Луѓето кои летаат со балон имаат можност да ги набљудуваат снежните формации во Долината на љубовта и Ѓореме, кои со првиот зимски снег добија сосема нова димензија на убавина.
Летовите со балон, кои се меѓу главните атракции во регионот, продолжуваат да бидат особено барани и во услови на студено време.