Enes Kaplan
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Според ова соопштение, Ердоган и Џонсон разговараа за тензиите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран.
Исто така, се вели дека двајцата лидери се осврнале и на регионални и меѓународни теми, како Сирија и Либија.