Sefa Şahin
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
АНКАРА
Најмалку тројца терористи се неутрализирани во домашна антитерористичка операција во југоисточна Турција, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството вели дека терористите биле цел на локалните жандармериски сили со поддршка на турските воздухопловни сили за време на операцијата „Ерен-13“ во областа Ширнак.
Се додава дека операциите во регионот се во тек.
Операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишник убиен од терористичката ПКК на 11 август 2017 година, започна во јануари за да биде елиминиран тероризмот во земјата.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.