Havva Kara Aydın
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АНКАРА
Турската вселенска агенција (TUA) го претстави своето лого на состанокот во главниот град Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Логото беше претставено во Националната вселенска програма на Турција со присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.
Логото се состои од буквите TUA во црвена боја со исечок на ѕвезда.
„Логото TUA симболизира непрекинат, одлучен продор кон непознатото, длабоко во универзумот“, соопшти Агенцијата на Твитер.
„Буквите се карактеризираат со функционална читливост на западната типографија со проткаена калиграфија од античката култура на Истокот“, се додава, посочувајќи дека ѕвездата го претставува турското знаме.
Вселенската агенција е основана во декември 2018 година со претседателски декрет.
„Примарната и најважната мисија на програмата е да се допре до Месечината за 100-годишнината од нашата Република [2023]“, рече Ердоган на претставувањето на Националната вселенска програма.