Muhammed Boztepe
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, соопшти дека се повлекува од министерската функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу оваа информација ја потврди преку писмено соопштение.
„Во еден процес кој се води внимателно, одговорноста за спроведувањето на полицискиот час за викенд за целосно спречување на пандемијата, од секој аспект е моја. Снимките кои се појавија во првите часови на ограничувањето, не беа во согласност со овој процес кој се водеше прекрасно“, рече Сојлу.
Тој нагласи дека не требаше да се случуваат вакви настани во случајот чија одговорност, рече тој, му припаѓа на него.
Сојлу истакна дека овој чекор за спроведување полициски час бил направен добронамерно, со цел спречување на оваа пандемија.
„Нека ми простат мојот народ на кој никогаш не би сакал да му наштетам, како и почитуваниот Претседател (Реџеп Таип Ердоган) кому ќе му бидам лојален до крајот на мојот живот. Се повлекувам од функцијата Министер за внатрешни работи, која ја извршував со чест. Господ нека го чува нашиот народ“, додаде Сојлу.