Sümeyye Dilara Dinçer
24 Август 2025•Ажурирај: 25 Август 2025
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, утре (понеделник) ќе претседава со вонреден состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Џеда, Саудиска Арабија, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Газа, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Фидан ќе присуствува на состанокот бидејќи Турција моментално го има ротирачкото претседателство со Советот на министри за надворешни работи на ОИС, истакна Министерството.
ОИС соопшти дека состанокот ќе се фокусира на тековните израелски акции во Газа и има за цел да ги координира ставовите и одговорот на земјите членки.
Израел уби над 62.600 Палестинци во бруталната офанзива врз Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.