Tuğba Yardımcı
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
ГИРЕСУН (АА) - Најмалку седум лица загинаа во поплавите во североисточниот турски град Гиресун, потврди денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу рече дека спасувачките служби трагаат по уште девет лица, меѓу кои и двајца припадници на турската жандармерија.
Во поплавите на подрачјето на Гиресун најтешко се погодени местата Дерели, Доганкент и Јаглидере. Поплавите однесоа многу возила кои се најдоа на патиштата и улиците, а во лизгањето на земјиштето уништени се голем број куќи, продавници и згради.
Во акциите за потрага и спасување учествуваат бројни спасувачки екипи од неколку турски градови, како и хеликоптери.