Behlül Çetinkaya
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со својот либиски колега Мухамед Тахир Сијала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во разговорот, според дипломатски извори, двајцата соговорници ги оценија билатералните односи меѓу двете земји.
За време на телефонскиот разговор оценет е и процесот инициран од Обединетите нации (ОН) во врска со решението на кризата и примирјето во Либија.