Enes Kaplan
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
АНКАРА (АА) – Турските бродови за сондажа во придружба на Турските поморски сили продолжуваат со своите активности во Источниот Медитеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција, преку својот твитер-профил сподели инсерти од бродовите на Турските поморски сили, кои ги придружуваат бродовите за сондажа во Источниот Медитеран.
„Турските поморски сили, нашите бродови за сондажа во Источниот Медитеран постојано ги придружуваат од воздух со беспилотните летала „BAYRAKTAR TB-2“, морнарски патролни авиони и поморски хеликоптери, над вода со фрегати, корвети и јуришни бродови, а под вода со подморници“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, споделено преку социјалната мрежа Твитер.