Sarp Özer
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските и американските сили ја извршија 4. координирана независна патрола на подрачјето меѓу Мунбиџ и зоната каде што се извршува операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека вооружените сили на Турција и САД, според претходниот договор, извршиле 4. по ред патрола во сириски Мунбиџ.
Вооружените сили на Турција (ТСК) и американските сили на 18 јуни покренаа независна патрола меѓу Мунбиџ и подрачјето ослободено во операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија.
Делегациите на Турција и САД, кон крајот на мај во Анкара договорија нацрт-план за решавање на случајот Мунбиџ, според кој, терористите би требало да го напуштат тој регион во неколку фази, а локалното население да ја преземе власта со поддршка на турските и американските сили.
Во почетокот на јуни во Вашингтон се состанаа шефовите на турската и американската дипломатија, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео, и ја потврдија Мапата на патот за воспоставување безбедност и стабилност во Мунбиџ.