Sarp Özer
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК) во последниот месец извршија 43 операции, во чии рамки неутрализираа 226 терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека ТСК со решителност ја продолжиле нивната борба против терористичките организации во земјата и надвор од границите, со цел осигурување на безбедноста на земјата и народот.
Според соопштението, борбата против тероризмот ќе продолжи сè до неутрализирање на последниот терорист.
Во овие рамки, во последниот месец во земјата и надвор од границите се извршени 43 операции, во чии рамки се неутрализирани 226 терористи.