Seda Sevencan
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Турските безбедносни сили започнаа уште една антитерористичка операција во југоисточниот дел на земјата, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата „Ерен-зима 29 (Мардин-Багок) шехид Хакан Оџалан“, започна во Мардин со 571 припадник на безбедносниот персонал“, се вели во соопштението на Министерството.
„Операцијата има за цел целосно елиминирање на тероризмот во земјата со поддршка од жителите“, се додава.
Турција ги започна операциите „Ерен“, минатата година, именувани по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.