Fatih Hafız Mehmet
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турската Војска неутрализира четворица терористи на ПКК во регионите Зап и Метина во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турската Армија преку својот официјален профил на Твитер соопшти дека турските воени авиони вчера и денес извеле воздушни напади врз позиции на терористичката ПКК.
Се истакнува дека во текот на нападите уништени се и магацини за оружје и муниција на терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе.