Burak Bir
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа пет терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
На Твитер, Министерството истакна дека пет терористи на ПКК биле неутрализирани во воздушните напади спроведени во рамките на тековната операција „Канџа“, турска антитерористичка операција против ПКК, во регионите на Метина, Авашин-Басијан и Гара.
Во воздушните напади се уништени и магацини за оружје и засолништа користени од терористите на ПКК.
На 27 мај, Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во северниот ирачки регион Хакурк. До денес, во офанзивата неутрализирани се десетици терористи.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање на прекуграничните терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.