Fırat Taşdemir
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се истакнува: „Нашите командоси херои неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа на ’Извор на мирот‘.“
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).