Muhammed Nuri Erdoğan
07 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција објави дека турските сили неутрализирале четворица терористи на ПКК во воздушна акција во регионот Хакурк во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението, акцијата е извршена во координација на Вооружените сили на Турција и Националната разузнавачка агенција (MIT).
„Продолжуваме да ги уништуваме терористичките упоришта во северен Ирак. Како резултат на координирана работа на Турските вооружени сили и Националната разузнавачка агенција, четворица терористи на ПКК во регионот Хакурк се неутрализирани со воздушна операција“, соопшти турското Министерство за одбрана.