Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Турските безбедносни сили приведоа најмалку 19 осомничени лица, поради наводи за поврзаност со терористичката огранизација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата спроведе истовремени антитерористички операции во 28 различни подрачја во Истанбул и ги приведе осомничените лица, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Од 25 осомничени лица, најмалку 19 беа приведени во антитерористичка операција која беше поддржана од тимовите на специјалните сили.
За време на операцијата беа запленети пиштол и резервна рамка за пиштол, како и 103 куршуми и дигитален материјал, кои припаѓале на членовите на терористичката организација ПКК/КЏК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.