Mehmet Akif Parlak
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Со цел подобра координација во доставувањето помош за сириските бегалци, Турција на границата со таа земја започна со изградба на логистичко складиште коешто ќе се простира на 66.000 квадратни метри, јавува Anadolu Agency (AA).
Република Турција, која од почетокот на војната во Сирија без да прави какви било разлики ги отвори вратите за околу два милиони лица и продолжи да дава помош за сириските бегалци.
Откако терористите беа неутрализирани во северните делови на Сирија, во рамките на акцијата „Штитот на Еуфрат“, во координација со Турската канцеларија за управување со вонредни состојби (АФАД) започна изградбата на големо логистичко складиште во сирискиот град Кобанбеј, на самата граница на Сирија и Турција, недалеку од турскиот град Газиантеп.
Темелите за складиштето се поставени претходно, а во тек е изградбата на остатокот од објектот, и се очекува зградата на складиштето да биде завршена наскоро.
Складиштето ќе се простира на 66.266 квадратни метри и ќе содржи оддели за сува храна, брашно, како и фрижидери. Со овој објект ќе биде решен проблемот со опасноста од расипување на храната, и ќе се олесни координацијата во доставувањето помош за бегалците.
Се очекува од складиштето да биде доставена храна и други неопходни работи за околу 530.000 сириски бегалци. Складиштето е обезбедно и со 24-часовен видеонадзор, а околу него ќе биде подигнат безбедносен ѕид во висина од два метра.