Yıldız Nevin Gündoğmuş
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АНКАРА
Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа соопшти дека во експлозијата во фабриката за пиротехника во покраината Сакарја загинале четири лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
На терен излегоа министерот за здравство Фахратин Коџа, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерката за семејство, труд и социјална политика, Зехре Зумрут Селџук.
Според неговите зборови во експлозијата загинаа четири лица.
„Во болницата се превезени 97 повредени. Отпуштени се 16 од 97 повредени, а во тек е укажувањето на помош на 31 годишниот граѓанин кој е тешко повреден. Покрај тоа, нема потешко повредени“, изјави Коџа кој додаде дека на терен се наоѓаат два амбуланти хеликоптери, 84 амбулантни возила, 18 тимови за медицинско спасување и други надлежни служби.
Тој порача дека на терен ќе остане се додека не биде потполно јасна состојбата на сите граѓани.
Тој се надева дека нешто слично повеќе нема да се случи.
Минитерот Коџа рече дека јаглерод диоксид, јаглерод моноксид и сулфур диоксид би можеле да предизвикаат пречки кај лица со зголемен крвен притисок, респираторен систем и слично на тоа, советувајќи ги граѓаните да преземат додатни мерки на заштитата на здравјето.
Министерот појасни дека бројот на работниците во фабриката, заедно со обезбедувањето изнесува 186.
„Знаеме дека дојдовме до 100 лица. За 20 знаеме дека не дошле на работа. Продолжуваме да работиме во врска со состојбата на останатите луѓе. Знаеме и дека 15-20 лица рано го напуштиле теренот. Настојуваме да дојдеме и до нив“, изјави Коџа.
Коџа за новинарите изјави дека не се знае состојбата на околу 40-50 лица.