Durmuş Genç
17 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
МУГЛА (АА) - Во потонувањето на чамец во Бодрум, во турската област Мугла, спасени се 31 нерегуларен мигрант, додека 12 лица смртно настрадаа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, по дојавата за потонување на чамецот, на терен излегле припадниците на безбедносните сили, Крајбрежната стража, тим на нуркачи, како и хеликоптер.
Како резултат на операцијата припадниците на Крајбрежната стража спасија 31 мигрант, кои со чамци биле донесени на брегот кај Тургутреис.
Тимот нуркачи пронајде дванаесет тела кои се префрлени на чамец.
Безживотните тела се пренесени во капелите во болниците во ова подрачје.
Се смета дека на чамецот имало околу 40 лица, а се трага по исчезнато лице или лица, кои можно е да се наоѓаат на потонатиот чамец, на длабочина од 34 метри.