Mehmet Yavaş
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 108 нерегуларни мигранти кои во обид на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на градската Жандармериска команда открија странски групи, меѓу кои жени и деца, на две посебни локации на крајбрежјето кај селото Бабакале.
Фатените 108 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан се пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.