Burak Akay
19 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Чанаккале, Турција, фатени се 59 непријавени мигранти во обид илегално да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на жандармеријата, во рамките на активностите за спречување на нерегуларните миграции, патролираа на патните правци, при што на местото Кадирга Коју се обиделе да застанат две возила, но возачите избегале.
Потоа, возилата се пронајдени напуштени во Сокакагзи.
Жандармериските тимови ја интензивираа потрагата во чиј тек се откриени 59 непријавени мигранти, државјани на неколку земји.
Припадниците на безбедносните сили ја продолжија потрагата по четири лица за кои постои сомнение дека организирале илегални гранични премини.
Странците се предадени на надлежната служба за бегалци.
Припадниците на жандармеријата во акциите организирани од 1 јануари до 17 февруари фатија 521 непријавен мигрант и четворица организатори на илегални гранични преминувања. Запленети се и 54 елеци за спасување, четири возила, чамец и мотор за чамец.