Hanife Erdinç
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик во турската област Чанаккале, фатени се 105 непријавени мигранти кои се обиделе илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската крајбрежна стража кои патролираа по северниот дел на егејскиот регион, забележаа две групи луѓе кои запловиле во морето, со намера да ја напуштат Турција.
Во акциите се фатени 105 лица за кои се тврди дека потекнуваат од Авганистан.
Мигрантите се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.