Seda Sevencan
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
АЈДИН (АА) - Турската Крајбрежна стража спаси 93 нерегуларни мигранти од два чамци во Егејското Море во близина на југозападниот брег на земјата, објавија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Грчката Крајбрежна страна наводно, чамците во кои биле 74 авганистански и 19 сириски нерегуларни мигранти, меѓу кои и 28 деца и десет жени, ги вратила назад во Турција. Спасените се на брегот на областа Ајдин.
Обвинувајќи ја Европската Унија дека не ги исполнила своите ветувања за помош за нерегуларните мигранти, Турција им овозможи на мигрантите да бараат влез во Европа.
Во Турција во моментот се наоѓаат над 3,7 милиони сириски бегалци, поради што е земја со најмногу бегалци во светот.