Ahmet Sait Akçay
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Парламентот на Турција вечерва го усвои предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот на Турција го поддржа предлогот за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, почнувајќи од четврток 19 јануари.
Заменик премиерот на Турција Нуман Куртулмуш по тој повод изјави дека сеуште државните структури во Турција не се во потполност исчистени од елементите на терористичката организација ФЕТО.
„Сеуште не е завршена елиминацијата на ФЕТО од државните структури. Имаме потреба за вонредна состојба се додека ФЕТО и останатите терористички организации не бидат исчистени од државните структури", рече Куртулмуш.
Инаку, вонредната состојба во Турција е воведена од 20. јули, по обидот за државен удар на 15. јули.