Ertuğrul Subaşı
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
АНКАРА (АА) - Денеска низ Турција на различни начини се одбележуваат Денот на сеќавањето на шехидите (загинатите херои) и 107-годишнината од поморската победа во Чанаккале, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Европа попозната како Битка на Галиполе, таа е една од најкрвавите и најжестоки битки во Првата светска војна, но по многу показатели, воопшто и во историјата.
Поморската битка која помеѓу 3 ноември 1914 година и 18 март 1915 година е водена кај Галиполе, како и копнената битка која се одвивала на Галиполе од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година, се битки кои заземаат најзначајно место во Турција, па и во историјата на муслиманскиот народ во овој дел на светот.
Денот на шехидите и годишнината од поморската битка на Галиполе денеска се одбележани во поголем број турски градови во кои делегациите положија венци на спомен-обележјата посветени на хероите кои ги положија животите како шехиди на Галиполе.
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, по тој повод упати порака во која упати порака дека е неопходно да се продолжи внимателно да се работи на зајакнувањето на татковината.
„Оваа земја, на која слободно се вее нашето знаме, е наша вечна татковина. Нашата најголема одговорност е посветено да работиме за да ја направиме нашата убава татковина просперитетна и засекогаш слободна и независна“, рече Шентоп.