Gökhan Ergöçün
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската управа за заштита на конкуренцијата денес отвори истрага за Фејсбук и Ватсап и ги суспендираше нивните нови правила за споделување податоци, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Минатата недела, Ватсап принуди многу корисници да се согласат со новите правила за приватност за споделување лични податоци со компаниите на Фејсбук. Апликацијата не може да се користи доколку не бидат прифатени условите“, се вели во соопштението на Турската управа за заштита на конкуренцијата.
Управата го суспендираше споделувањето на податоците, дури и ако корисниците ги имаат прифатено правилата, поради потенцијални непоправливи загуби, сè до завршувањето на истрагата.
„Во овој контекст, Фејсбук, исто така, мора да го прекине споделувањето на податоците и да го соопшти својот потег до сите корисници“, се наведува во соопштението на Турската управа за заштита на конкуренцијата.