Gökhan Ergöçün
27 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ГЕБЗЕ (АА) - Турција денес го претстави својот нов автомобил од домашно производство, првата фабрика за негово производство ќе биде комплетирана во 2021 година, додека првиот автомобил ќе се произведе во 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (TOGG), конгломерат на индустриски гиганти, ќе инвестира 22 милијарди турски лири (3,7 милијарди долари) во наредните 15 години, изјави претседателот на ТОГГ, Рифат Хисарџиклиоглу, на денешното претставување на прототипот на автомобилот.
„Секој член на ТОГГ вети дека ќе вложи капитал од 500 милиони евра. Тие нема да профитираат од компанијата во текот на првите 15 години“, рече тој на церемонијата во индустриската област Коџаели.
Електричниот автомобил беше изработен од ТОГГ за период од 18 месеци.
На денешната церемонија беше свечено отворена и т.н Долина на технологијата, зоната за развој на технологијата.
Автомобилот ќе создаде работни места за 20.000 луѓе и ќе придонесе кон БДП на земјата.

- Две опции за моќност на автомобилот -
Ѓурџан Каракаш, извршниот директор на ТОГГ, изјави дека групацијата ќе произведе пет различни модели - СУВ, седан, c-хечбек, б-СУВ и б-МПВ.
„Се обидовме да создадеме бренд чии права на интелектуална и индустриска сопственост ни припаѓаат нам, со користење најнова технологија“, рече тој.
Додаде дека инфраструктурата за полнење на автомобилот ќе биде завршена до 2022 година.
ТОГГ одлучи првично да произведе модел СУВ затоа што е најмногу популарен на пазарот на автомобили.
Автомобилот ќе има две опции - 200 и 400 коњски сили - со опсег од 500 километри и ниво 3 на автоматизација.
Тој додаде дека е целосно развиена од страна на ТОГГ.