Hüseyin Bağış
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Турција ќе депортира осум странски државјани, коишто се уапсени во Истанбул во операцијата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истанбулската полиција е завршена криминалистичката обработка на 10 осомничени лица, коишто пред два дена се приведени во текот на акцијата во Истанбул, а за кои се сомнева дека биле во редовите на ДЕАШ, односно дека пружале логистичка и материјална поддршка на терористичката организација.
Меѓу 10-те приведени лица, 9 се странски и еден е државјанин на Турција.
За осум од нив е донесена одлука за депортација, но не е познато чии државјани се лицата.
Едно лице сѐ уште е под криминалистичка обработка, а едно е пуштено на слобода.