Burak Akay
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ЧАНАКАЛЕ (АА) - БУРАК АКАЈ –
Местото Ѓокчеада, во Чанакале, Турција, привлекува внимание особено кај посетителите кои бараат „изолиран одмор“, каде што се преземени мерки против коронавирусот (Ковид-19) за време на летната сезона.
Гокчеада, се наоѓа на северот на Егејското Море и е една од попознатите туристички дестинации. Најголемиот турски остров со површина од 279 квадратни километри со културното наследство, природните убавини, со чистите крајбрежни плажи привлекува големо внимание и кај домашните и кај странските туристи.
Ѓокчеада, „првиот citta slow (мирен град) остров во светот“, со преземените мерки против Ковид-19, стана еден од најпосакуваните туристички центри, особено за семејствата од регионот.
Во последните години, поради квалитетот на ветерот, ентузијастите за сурфање на ветер и кајтбордингот исто така го посетуваат островот. Особено се бројни спортистите кои доаѓаат од Грција, Бугарија и Романија. Оние кои се заинтересирани за спортовите на вода, исто така, учествуваат во организираните активности.
Градоначалникот на Ѓокчеада, Унал Четин, во изјавата за АА рече дека туризмот на островот се одвива со практикување со мерките преземени против коронавирусот.
„Ова е најголемиот остров во Турција, Сонцето тука заоѓа последно и најубаво. Големиот интерес за Ѓокчеада не може да се поврзе само со пандемијата. Во последните години Ѓокчеада е најсјајната ѕвезда на Турција од аспект на туристички дестинации.“
Наведувајќи дека резервациите во туристичките капацитети се целосно исполнети до крајот на септември, Четин рече дека во капацитетите се внимава на социјалната дистанца.
Тој истакна дека не очекувале ваков интензитет за време на епидемискиот период.
„Мислевме дека луѓето се загрижени за коронавирусот и дека нема да одат на одмор. Но, гледаме дека има голема побарувачка и резервации за туристичките капацитети на Ѓокчеада. Тоа нè прави многу среќни затоа што во пандемијата особено беа погодени занаетчиите и трговците. Растот на туризмот придонесе за благосостојбата на сите луѓе кои живеат во Ѓокчеада. Мислам дека оваа побарувачка ќе се зголеми и во иднина, но со правилни чекори треба уште повеќе да го зголемиме квалитетот на туризмот овде.“