Savaş Güler
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочуство по повод смртта на пилотот на воениот акробатски авион кој денес се сруши во централниот округ Каратај во турската област Коња, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во објавата на социјалните мрежи наведе дека со длабока тага и жалост ја примил веста за загинувањето на пилотот на авионот кој се сруши во Коња.
„Нека почива во мир шехидот, а на неговото семејство, најблиските, на Турските вооружени сили и на нашиот народ изразувам сочуство“, изјави тој.
Воениот акробатски авион се сруши на ненаселено подрачје во местото Февзи Чакмак во округот Каратај.
Турското Министерство за одбрана објави дека авион НФ-5, кој изведувал тренинг лет, се урнал во Коња во 14:15 часот по локално време.
Министерството кратко потоа соопшти и дека загинал пилотот на авионот.